Мени

Фирми во Куманово продавале неквалитетно вештачко ѓубре

29.01.2013 16:29 | KumanovoNews

 Вештачко ѓубриво со лош квалитет увезено од Србија се продавало во три фирми во Куманово.

Фирми во Куманово продавале неквалитетно вештачко ѓубре

Државниот инспекторат за земјоделство вчера открил 35 тони ѓубре, произведено во фабриката Азохем од Суботица, кое содржи помали количини на азот, калиум и фосфор.

 Станува збор за НПК ѓубре, декларирано е со 3 петнаесетки, но лабораториските анализи покажаа вкупен азот 7, вкупен фосфор 9,28 и вкупен калиум 6,80. По правилникот е дозволено отстапување од 1,5 проценти од декларираното, а овде имаме надминување од 50 до 70 проценти-изјави Румен Стаменов, директор на Државениот земјоделски инспекторат.

  Изматата ја откриле, откако земјоделците почнале масовно да се жалат дека имаат слаби приноси на земјоделските култури и покрај тоа што ставаат доволни количини на вештачко ѓубриво. Директорот објаснува дека е многу чудно што покрај фалсификуваните сертификатите на производителот, и анализите во нашите лабаратории кои ги правеле увозниците покажале дека ѓубривото одговара на пропишаните својства и декларации.

Фирмите се казнети со 15 илјади евра, а за главниот увозник се бара забрана за вршење на дејноста. Земјоделците што купиле ѓубре од фирмите, доколку ги чуваат фискалните сметки можат да побараат оштета, а од инспекторатот ќе добијат информација за кои фирми се работи.