Мени

ФК Метеор е нов фудбалски клуб во Куманово

26.03.2014 14:03 | KumanovoNews

Деновиве во Куманово е формиран нов фудбалски клуб, кој ќе го носи името Метеор.

ФК Метеор е нов фудбалски клуб во Куманово

Клубот започнува со работа за сите младински категории, а првиот тренинг ќе се одржи на 29.март, на игралиштето до Спортската сала во Куманово.

Ги повикуваме сите млади фудбалери од 6 до 18 години на првиот тренинг на клубот. Сите информации може да ги добијат во просториите на клубот во локалитет Табакана - изјавија од клубот.

Тренер на тимот е Борче Димитриевски, а за во иднина се предвидува учество во првенствата организирани од Фудбалската федерација на Македонија.