Мени

Формиран еко-одбор во „Наце Буѓони“

05.10.2011 12:11 | KumanovoNews

Во рамките на проектот Еко-училиште и програмата за интеграција на еколошката едукација во образовниот процес во ОСТУ „Наце Буѓони“ денес беше формиран еко - одбор.

Формиран еко-одбор во „Наце Буѓони“

Во одборот членуваат 21 претставник од учениците, предметни професори, раководниот тим на училиштето и надворешни соработници, Д-р Мирко Макрешански експерт по екологија, Бобан Бојковски инспектор по екологија и Зоран Бојковски преставник на еколошка организација Еко Гард.

Во проектот ќе се работи на четири еко стандарди: за заштеда на вода во училиштето, заштеда на електрична енергија во училиштето, уредување на училишен двор и уредување на училишната зграда.

Членовите на одборот до идната средба ќе направат анализа на моменталната состојба во горенаведените еко стандарди која ќе преставува појдовна точка за нивно идно делување.