Мени

Формирана Мрежа на противпожарни единици на ЗЕЛС

13.01.2011 12:03 | KumanovoNews

 Противпожарните единици од државата формираа свое тело во рамките на организациската структура на ЗЕЛС. На конститутивната седница за официјализирање на “Мрежата на противпожарните единици во Република Mакедонија” присуствуваше и командирот од противпожарната едници Куманово.

Формирана Мрежа на противпожарни единици на ЗЕЛС

Ова тело, во кое противпожарните единици во Република Македонија се претставени преку своите командири, избра и свое претседателство. Иницијативата за формирање на Мрежата произлезе пред се заради решавање на одредени проблеми со кои се соочуваат општините со преземањето на надлежноста во областа на противпожарната заштита, како и размена на искуства и меѓусебно помагање и координирање во оваа специфична област на дејствување. До крајот на месецот ќе бидат отпочнати и конкретни активности-вели командирот Дејан Илиевски.

Претставувањето на ППЕ во Република Македонија во оваа Мрежа е врз база на нивното својство на посебни организациски единици во рамките на структурата на општината, а заради обезбедување на конзистентно адресирање на проблемите и отворените прашања во оваа област и преземање на организирани чекори за нивно надминување.

Мрежата ќе обезбеди и поддршка на работата на Управниот одбор и останатите тела и органи на ЗЕЛС во насока на утврдување на политиките во оваа област во надлежност на општината.

Противпожарните единци Куманово е едена од најголемите во државата, по бројот на вработени и по територијата што ја покрива.