Мени

Француската амбасадорка го посети Куманово

26.05.2014 11:57 | KumanovoNews

Француската амбасадорка, Лоренс Ојер, денеска ја посети Општина Куманово и со градоначалникот Зоран Дамјановски разговараше за можната соработка.

Француската амбасадорка го посети Куманово

При тоа било дискутирано и за децентрализацијата, структурата на градот, соработката меѓу архитектите и училиштата во изучување на францускиот јазик.

- Сакам да истакнам дека во Куманово постојат голем број на двојазични паралелки, односно голем број на ученици кои го изучуваат францускиот јазик и во основното и средното образование. Навистина е многу важно децата да говорат повеќе јазици во насока на европската перспектива затоа што веќе не е доволно да се знае само англискиот или само еден јазик. Самиот факт што вашиот град е мултикултурен навистина претставува богатство за изучување на што поголем број јазици - рече Ојер.

Градоначалникот најави соработката со Долна Норманија на полето на архитектурата.

- Госпоѓа Лоренс покажа интерес за соработка на француската амбасада со локалните самоуправи за подготовка на предпристапните фондови на Европската Унија. Особено за нашата соработка со Република Србија, Бугарија и Албанија. Се она што е можност за имплементирање на меѓугранична соработка и проекти од меѓугранична соработка. Амбасадата сака да помогне локалната самоуправа да добие подобро место во прекугрануичните поекти, - изјави Дамјановски.

Амбасадорката истакна дека 20 отсто од европските заеми и кредити кои се инвестираат во другите земји се пари кои доаѓаат од Франција.