Мени

Француската амбасадорка во посета на Старо Нагоричане

23.05.2014 11:47 | KumanovoNews

Француската амбасадорка Лоренс Ојере го посети основното училиште “Светозар Марковиќ„ каде се сретна со ученици и оствари средба со градоначалникот Милован Стојковски, како дел од проектот “ЕУ одблизу 2014“.

Француската амбасадорка во посета на Старо Нагоричане

Многу е важно што денеска сме во Општина Старо Нагоричане, бидејќи тука веќе се спроведуваат проекти поддржани од ЕУ како што се прекугранична соработка кои имаат огромно влијание врз добрососедската политика во регионот. Истовремено ние покажуваме дека културата на оваа земја е една од најубавите култури во целиот свет бидејќи тука веќе има проект поддржан од ЕУ како што е реновирањето на црквата - изјави Ојер.

Целта на посетата е на жителите да им се објасни како функционира Европската Унија, историјатот, помошта која ја нуди за стопанството, невладините организации, земјоделството и студентите.

Можностите кои ЕУ ги нуди на општините, посебно ние како Општина Старо Нагоричане сме заинтересирани на некој начин за реализација на проекти, финансирани од европските банки и ЕУ. Веќе кај нас и се случува нешто такво. Во финишот е проектот “Млади за млади“ со Бугарија, финансиран од европските фондови. Во Свети Ѓорѓи почнува реставрација на самата црква, околината, изработка на санитарен чвор, паркинзи и нов плоштад во селото - вели градоначалниот Милован Стојковски.

Претходно автобусот на ЕУ посети десетина рурални општини во земјава. Оваа пракса е воспоставена пред 3 години за да населението се запознае одблизу со она што го нуди ЕУ.