Мени

Фудбалско Куманово апелира за помош на Никола

11.03.2014 09:25 | KumanovoNews

 Хуманитарен натпревар во мал фудбал, помеѓу екипи на поранешни репрезентативци од Куманово и Македонија, ќе се одржи во четврток во 18 часот во Спортската сала во Куманово.

Фудбалско Куманово апелира за помош на Никола

Сретствата собрани од продадените влезници и од спонзорите ќе бидат наменети за лекување на Никола Вулетиќ, ученик од основното училиште „Кочо Рацин„.

Потврда за учество на овој натпревар веќе пристигна од неколку познати фудбалски имиња, меѓу кои Вујадин Станојковиќ и Саша Ќириќ. Настанот е под покровителство на ФФМ и одобрен е од првиот човек на оваа организација Илчо Ѓорѓиевски. Многу познати спортски имиња се вклучија во самата организација, а се надеваме дека и останатите граѓани и голем број на фирми ќе дадат подршка и ќе донираат средства во рамки на своите можности- велат организаторите.

Влезниците чинат 50 денари, а се продаваат во: кафе баровите: Франш, Ирски паб, Корзо, Мистер Џорџ, Перон 7 и Револушен, ресторани „Баба Цана“ и „Корнер“ и во продавниците Адидас и Пума.

Натпреварот се организира на иницијатива на Општински фудбалски сојуз, вработените во “Кочо Рацин“ и под покровителство на Фудбалска федерација на Македонија.

Никола Вулетиќ (13) е опериран од тумор на мозок во Турција, но за постоперативното лекување се потребни 100.000 евра, пари кои родителите не се во можност да ги обезбедат.