Газда истепал гост во ресторан
28.12.2012 15:47
| KumanovoNews
Сопственикот на ресторанот “Алби“ во село Ваксинце истепал човек со дрвен предмет и метална шипка.
Инцидентот се случил минатиот месец кога А.М.(33) во неговиот ресторан започнал расправија со А.А.(23) од Куманово. Додека гостот се симнувал во подрумската просторија каде била сместена кјуната за да порача храна, бил престретнат од газдата, кој физички го нападнал и со дрвен предмет и метална шишка му нанел телесна повреда во пределот на главата.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.М.(33) за сторено кривично дело „насилство“.