Генерално собрание на Федерацијата на фармери
18.05.2011 13:49
| KumanovoNews
Федерацијата на Фармери на Република Македонија утре во Куманово ќе одржи редовна годишна седница на Генерално собрание.
Во официјалниот дел на Генералното собрание ФФРМ ќе ја продолжи соработката со LRF (Шведската федерација на фармери), а со свои говори ќе се обратат Андрија Секуловски, претседател на ФФРМ, Аника Нугард, претставаник од Шведската федерација на фармери. Собранието ќе се одржи во ресторан Палас.