Геодетско снимање на патот Куманово - Миладиновци
18.07.2013 08:27
| KumanovoNews
На патниот правец Куманово - Миладиновци последниве два дена се врши геодетско снимање.
За потребите на проектна документација за рехалибитација на патниот правец А-1 делница Миладиновци - Куманово во двата правци од 16.07.2013 година започна геодетско снимање на споменатиот патен правец, поради што се препорачува крајно внимателно управување со возилата поради присуство на работници - велат од Авто мото сојузот на Македонија.