Ги извадиле од комбе па ги претепале
01.03.2011 09:42
| KumanovoNews
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против А.Љ. (40), Ф.Љ. (27), Л.Љ. (24) и Б.Љ. (31), сите од Куманово, за сторено кривично дело „насилство“.
Во декември минатата година, во Куманово поради претходна тепачка помеѓу еден од пријавените Б.Љ. и С.Б. (20), тој ги собрал своите пријатели за да се пресмета со него. Го запреле комбе во кое се превезувале С.Б. и неговиот брат З.Б. (25), при што на сила ги извадиле од возилото. Потоа се нафрлиле врз нив, удирајќи ги со метални палки. Од тепањето им нанеле видливи повреди по телото.