Мени

Гимназијалци ќе играат “Народен пратеник“

06.05.2014 11:34 | KumanovoNews

Ученици од Гимназија “Гоце Делчев“ вечерва во 20 часот во Центарот за култура премиерно ќе ја играат преставата “Народен пратеник“.

Гимназијалци ќе играат “Народен пратеник“

Претставата е подготвена по повод патронатот на училиштето кој беше одбележан во неделата. Во “Народен пратеник“ учествуваат ученици од литературните клубови и драмски секции во училиштето под менторство на професорката Лидија Тасевска, а во режија на Кети Дончевска Илиќ.