Гимназијалци го презентираа своето знаење во Ниш
Учениците од гимназијата "Гоце Делчев" од Куманово, минатата недела учествуваа на Саемот на наука во Ниш, Р.Србија. Ова е второ учество на претставници од кумановската гимназија на саемот.
Гимназијата "Светозар Марковиќ" од Ниш веќе трета година го организира Саемот на науката, каде гиманзијалците ги презентираар своите знаењата од областа на природните науки.
"Меѓу професорите од факултет, предавачи на саемот беа и тројца ученици од нашата гимназија, кои презентираа знаења и вештини од областа на математиката и биологијата. Целта на оваа манифестација е да се покаже интересната страна на образовниот процес, преку рзлични експерименти, претстави и ученички предавања"- вели професорката Маргарита Теодосиевска,заменик директор на гимназијата.
На Меѓународниот саем на науката, покрај гимназијата "Гоце Делчев", како единствен претставник од Македонија, учествувале и околу 400 учесници од гимназии и факултети од Црна Гора, Србија,Бугарија и Италија.