Мени

Гимназијалците на саем во Ниш

19.03.2014 16:29 | KumanovoNews

Ученици од Гимназија “Гоце Делчев“ следниот четврток ќе учествуваат на саемот “Науката не е баук“ во Ниш, соседна Србија.

Гимназијалците на саем во Ниш

Тие ќе презентираат проекти од областа на повеќе училишни предмети.

Ќе учествуваат 45 ученици од повеќе години. Тоа е можност училиштата да се претстават пред голем број луѓе бидејќи саемот имаше посетеност од 70.000 луѓе. Организатор на настанот е Гимназија “Светозар Марковиќ“ од Ниш - вели директорот Љубиша Николиќ.

Саемот “Науката не е баук“ се оддржува веќе 7 години, а гимназијалците учествуваат последниве 5 години.