Гимназијалците најдобри на регионалниот противпожарен квиз
27.11.2013 14:29
| KumanovoNews
Кумановските гимназијалци обезбедиа учество на државниот противпожарен квиз во Скопје, откако денеска победија на регионалниот натпревар во Пробиштип.
Екипа од гимназијата “Гоце Делчев“ ќе го претставува регионот на државниот противпожарен квиз. Тие денеска покажале најдобро знаење и освоиле прво место.
Екипата од ОУ “Крсте Мисирков“ на регионално ниво освои трето место, а најдобри беа учениците од Свети Николе кои си обезбедија учество во Скопје.
Учениците се натпреваруваа на тема “Пожари на отворено и во урбани средини“.