Мени

Гимназијата ќе го одбележи раѓањето на патронот

01.02.2013 14:44 | KumanovoNews

 Во понеделник гимназијата “Гоце Делчев“ ќе го одбележи дeнот на раѓањето на патронот со положување на свежо цвеќе во дворот.

Гимназијата ќе го одбележи раѓањето на патронот

Како и секоја година цвеќе ќе пложат борците, писателите, политичките партии, здруженија и други. Гоце Делчев  е роден во Кукуш на 4 февруари 1872 година. Тој бил познат македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација, идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење кон крајот на 19 и почетокот на 20 век.

Се школувал во Кукуш, каде што завршил прогимназиско образование (1879– 1887), во Солун, во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“ каде што раководел таен ученички револуционерен кружок, и во Софија во Военото училиште (1891–1894). Се вратил во Македонија (1894) и во Штип бил учител во Ново Село.

Тука се сретнал со Даме Груев, потоа се вклучил во раководењето на Mакедонска револуционерна организација и ја проширил мрежата на организацијата во 1895 година. Загинал во селото Баница, Серско на 4 мај. Војската го опколила селото и во борбата утрото загинал Делчев, бескомпромисниот борец за самостојна македонска држава.