Мени

Гимназијата домаќин на регионалниот натпревар по математика

13.02.2013 14:56 | KumanovoNews

 Во Гимназијата “Гоце Делчев“ во сабота ќе се оддржи традиционален регионален натпревар по математика на кој ќе учествуваат ученици од повеќе градови.

Гимназијата домаќин на регионалниот натпревар по математика

Ние сме домаќини оваа година, инаку учествуваат ученици од Кратово, Крива Паланка, Свети Николе, Пробиштип и од две средни училишта од Куманово. Натпреварувачите ќе се натпреваруваат во две категории, за гимназиско образование и за стручни училишта. Вкупно околу 150 натпреварувачи ќе има. Ќе има пофалени и наградени ученици кои понатаму одат на државен натпревар кој се оддржува четири недели подоцна. Ќе биде тоа на 16 март, сеуште не знаеме дали ќе биде во Скопје или во друг град. Досега немало година нашите математичари да не бидат наградени, одат и на балканска олимпијада, на светска математичка олимпијада имаше поодамна. Се надеваме на многу награди и мило ми е што ја сакаат математиката, што се мотивирани, вложуваат напор - изјави Александра Арсовска, професор по математика.

 Овој натпревар се оддржува повеќе од четири децении и за секоја категорија на ученици посебно се утврдени темите кои ќе бидат опфатени.