Главоболка и вртоглавица ги мачат метеоропатите
Во доцна есен и рана пролет, луѓето кои се преосетливи на временските промени чувствуваат телесни и психички проблеми.
Лекарите велат дека метеоропатите главно се жалат на главоболка, вртоглавица, депресивни се, нервозни и немаат волја за работа, но некогаш имаат и посериозни здравстени проблеми .
Метеоропатијата е појава која сеуште не е целосно истражена и обработена. Метеоропати се луѓе кои главно се здрави, но ги чувствуваат промените на температурата, влажноста на воздухот и барометарскиот притисок. Кога станува збор за здрави луѓе кај нив е установено дека промена во вегетативниот нервен систем настанува 2-3 часа пред да настане временската промена. Голем процент од метеоропатите повремено имаат емотивни тешкотии, пречувствителни се, пасивни, опсесивни карактеристики во карактерот имаат.- објаснува Виолета Поповска, началник на одделение за невропсихијатрија во Општа болница Куманово.
Таа додава дека кај метеоропатите има промени во апетитот, се јавува несоница, хромонални промени, отежнато варење и слично.
Метеопатијата ја нарекуваат болест на современото општество. На метеопатите им се препорачуваат прво природни лекови, чаеви за смирување да се обидат да ги надминат тегобите. Да се откажат или да намалат конзумирање на алкохол, кафе и пушење цигари. Тие треба да внесуваат лесна храна, да пешачат, да возат велосипед, а доколку и тоа не помага да побараат помош од лекар.