Мени

Го претепал и му вперил пиштол без причина

30.01.2013 11:23 | KumanovoNews

 А.М.(39) од Куманово без причина претепал негов сограѓанин.

Го претепал и му вперил пиштол без причина

Инцидентот се сличил мината недела кога А.М. на ул. „Крсте Мисирков“ го забележал А.Џ.(35) од Куманово. Без повод и причина почнал да го навредува, а потоа физички го нападнал удирајќи го со тупаници по главата и телото. Потоа од неговото возило извадил пиштол, но во намерата бил спречен од страна на случаен минувач.

А.М. ќе одговара за кривично дело „насилство“.