Мени

“Гоце Делчев“ и “Перо Наков“ учествуваат на Гимназијада

07.05.2014 10:36 | KumanovoNews

Екипи ученици од Гимназија “Гоце Делчев“ и економското училиште “Перо Наков“ утре заминуваат во Охрид каде ќе се натпреваруваат во повеќе дисциплини на  “Гимназијада 2014“.

“Гоце Делчев“ и “Перо Наков“ учествуваат на Гимназијада

По тој повод градоначалникот Зоран Дамјановски денеска ги прими учениците и професорите и им посака успех на натпреварувањето.

  - Пет екипи од Општина Куманово ќе учествуваат на републичкото натпреварување. На некој начин тоа не става на врвот во младинскиот и училишен спорт. Амбиентот што последните 10 години го правиме за спорт со изградба на нови спортски сала од општината, со атлетскиот полигон, се надевам во скоро време и Затворениот пливачки базен им дадоа можност на овие спортски работници го покажат своето знаење, вештини и умеење и да направат врвни резултати - кажа градоначалникот.

На Гимназијадата ќе учествуваат машка екипа во футсал, ракометна женска екипа и 10 атлетичари од “Гоце Делчев“, а од “Перо Наков“ машка кошаркарска екипа, женска екипа во футсал и еден атлетичар.

   - Ќе има сигурно околу 600 учесника одделно во сите спортови затоа што ова е најголема манифестација за училишниот спорт за средни училишта. По шест екипи има во машка и женска конкуренција за сите колективни спортови и атлетика како индивидуални дисциплина - вели Зоран Ивановски, професор по спорт и спортски активности во “Гоце Делчев“.

“Гимназијада“ почнува утре и ќе заврши во сабота.