Мени

Годинава регистрирани 200 фирми во Куманово

29.08.2013 10:31 | KumanovoNews

Според податоци на Централниот регистар на Македонија, годинава во Куманово се регистрирани 201 правен субјект.

Годинава регистрирани 200 фирми во Куманово

Меѓу новоотворените фирми има ресторани, фризерски и салони за разубавување,трговија на мало и други дејности. Малите и средни претпријатија се двигател на економијата и оваа бројка на нови фирми многу ќе значи за градот.

Во просек да земеме 1 до 2 луѓе да се вработат во секоја од тие фирми, ќе имаме некои 200 до 400 нови вработувања што не е за занемарување. Особоено знаејќи дека тоа се дејности како трговија, услуги, земјоделски фирми можеби има. Од искуство знам дека многу помалку се отвараат производствени фирми. Еве мој еден апел, да имаме повеќе производствени фирми, да имаме наши производи кои ќе ги пласираме на нашите или странските пазари. Знам дека е тешко, дека фирмите се борат да опстанат, но ние како Фондација за развој на мали и средни претпријатија им помагаме преку консултантски услуги, советодавни услуги, правни информации - изјави Димитар Ташевски, директор на регионална Фондација за развој на мали и средни претпријатија.

Тој објаснува дека со самовработување последниве години се отвараат во просек по 50 фирми. Дел се со еден или двајца вработени, но има и такви фирми кои вработуваат по неколку луѓе.

Ташевски вели дека отварањето на новите фирми може да влијае на подобрување на економската слика во градот. Според него, и печалбарите од Авганистан треба да вложуваат во бизниси и да придонесат за градот.