Голем интерес за „Кенгур„ во „Крсте Мисирков„
Ученици од основното училиште „Крсте Мисирков„ денеска учествуваа на Меѓународниот натпревар по математика „Кенгур“, што го организира Сојузот на математичари на Македонија.
На натпреварувањето учествуваше 191 ученик од прво до осмо одделение. Натпреварот секаде во државата започнува во 11 часот, така и ние успешно старувавме и ги ипочитувавме сите правила од натпреварот. Тестовите се составени од логички задачи кои се поделени во три тежински ниво. Нашето училиште континуирано освојува високи награди и признанија на сите математички натпревари како на регионален така и на државни натпревати што сведочи и денешниот голем интерес на учениците за учество на натпреварот – вели директорот Александар Саздевски.
Резултатите ќе бидат познати за една недела.