Голем интерес за отпис на долгови во Куманово
Повеќето граѓани кои имаат кредити и долгови за струја, се надеваат дека државата ќе им ги отпише
Во Центарот за социјални работи Куманово, до 10 часот стотина граѓани подигнале формулари за отпис на долгови.
“ Имаме долгови за вода и за струја. Социјалното е мало и не ми стига да ги плаќам сметките. Долгот за струја ми е 1500 евра и поради тоа досега многу пати од ЕВН не исклучувале.. Сопругот ми е слеп и без струја не можеме да седиме, “- вели Сафије Мамутова од Средорек.
И Оливера Јовановска, самохрана мајка од Куманово дошла за да поднесе барање за отпис на долгови за радио дифузна такса.
“Сметки не сум добила, а ми стига да платам 4300 денари. Јас сум мајка на две деца, од кои едното е на факултет, и не можам да платам со скромна пензија. Ќе поднесам барање, па ќе видам што ќе се случи. Другите сметки ги плаќам редовно, ако немам пари ќе штедам “ - изјави Јовановска.
Со отпис на долгови ќе бидат опфатени приматели на социјална, постојана парична помош, невработени лица повеќе од една година и други граѓани во социјален ризик.