Мени

Голем интерес за учење на турски јазик

06.08.2014 10:29 | KumanovoNews

Дваесет кумановци од различни возрасни групи почнаа со изучување на турски јазик во Младинскиот центар “Мулти - Култи“.

Голем интерес за учење на турски јазик

Од невладината Центар за меѓукултурен дијалог чии волонтери од Турција го држат курсот велат дека се задоволни од интересот и се отворени за сите кои сакаат да им се приклучат.

  „Најмладиот учесник на курсот има 13, а најстариот 49 години. Тие почнаа со азбука, броеви, едноставни реченици, но сето тоа ќе се повтори и затоа оние кои не дошле на првите часови можат да ни се  придружат. Има интерес од граѓаните за учење на турскиот јазик затоа што голем број луѓе во светот го говорат, поради работа на Блискиот Исток и поради турските серии„ - вели Катерина Ѓорѓиевска, координатор на волонтери во ЦИД.

Секој вторник и четврток часовите се одржуваат во 18 часот во “Мулти - Култи“ во просториите на месна заедница Тоде Мендол.