Мени

Голем одзив на уличната анкета за управување со отпад

18.01.2014 11:38 | KumanovoNews

 За само еден час на Градскиот плоштад стотина граѓани доброволно се анкетираа и дадоа свое мислење за реализација на проектот за управување со отпад во Североисточниот регион.

Голем одзив на уличната анкета за управување со отпад

Анкетарите се презадоволни од одзивот на кумановци. Во прашалниците граѓаните одговараа дали се запознаени со проектот за управување со отпад, дали знаат што е компостирање, селектирање на отпад, колку би одвоиле годишно од своите приходи за управување со отпад, дали лично би се вклучиле и слично.

- Има граѓани кои знаат, но има и такви кои не знаат за проектот. Ќе треба податоците да се обработат за да добиеме некаков официјален податок. Во план ни беше ако нема доволно интерес да работиме два дена, но веќе има сто прашалници и ќе завршиме за еден ден. Денеска паралелно се прави анкета и во Штип - вели Горјан Темелковски, експерт за животна средина.

Анкетата е дел од проектот за изработка на регионални планови за управување со отпадот и ја реализира консултантската куќа Енвироплан со своите партнери. Проектот се реализира со пари од ЕУ.