Мени

Горат Ругинце и Сув Ора

22.08.2011 19:39 | KumanovoNews

Голем пожар веќе втор ден беснее во атарот на селата Ругинце и Сув Ора. Екипи на противпожарните единици од Старо Нагоричане, Куманово, Ранковце и Кратово заедно со претставници од Дирекцијата за заштита и спасување, Агенцијата за кризи и месното население, безуспешно го гаснат огнат, кој ветрот постојано го разгорува.

Горат Ругинце и Сув Ора

Неможеме самите да се справиме со пожарот, бидејќи е зафатена голема површина. Досега изгореа околу 500 хектари ниска шума и трева. Огнот зафати и неколку куќи, помошни објекти и плевни. Ако не добиеме помош од надлежните институции да се изгаси огнот со авион, има опасност да се прошири и да го зафати и манастирот Карпино, непроценлив културно-историски споменик - вели градоначалникот на Старо Нагоричане Миодраг Јовановиќ.

Пожарот избувнал вчера наутро, а најверојатно е предизвикан од фрлено догорче покрај патот, но тоа дополнително ќе го утврди истрагата. Ова е втор голем пожар оваа лето кој беснее во селата во Општината Старо Нагоричане.Минатиот месец гореа селата Бељаковце, Облавце, Довезенце, Стрезовце, Дејловце и други.