Мени

Град го столчи Куманово

09.06.2011 11:46 | KumanovoNews

Големо невреме со пороен дожд и град, проследено со силни грмежи го зафати синоќа кумановско - липковскиот регион. Невремето траеше од 18.30 до 19 часот, а повеќе од десетина минути врнеше силен град со големина на орев, кој ја побеле земјата.

Град го столчи Куманово

Поројниот дожд ги полави улиците во централното градско подрачје, поради што сообраќајот се одвиваше отежнато. Поплавени се голем дел на подруми во згради и куќи. Невремето предизвика прекин на електрична енергија во поедини делови од градот, а прегореле и неколку трафостаници од електрични празнења. Најголеми штети претрпеле земјоделките насади, а матерјалната штета допрва ќе се утврдува. 

На интернет се појавија и видеоснимки од вчерашното невреме.