Мени

Градинка ќе се отвори во Липково

15.08.2014 07:15 | KumanovoNews

Градинка ќе се отвори во општина Липково во новоизграден објект до крајот на 2014 година.

Градинка ќе се отвори во Липково

Општина Липково е меѓу 13 - те општини каде ќе се гради градинка, а Куманово и Старо Нагоричане не се ставени на листата.

„Од страна на МТСП се завршени градежните работи и обезбедена е опремата, останува општината(основачот) да превземе активности за приклучување на струја, вода и да обезбеди ситен инвентар, се со цел за непречено функционирање на истата„ - вели Маја Димишкова, од одделение за односи со јавност во МТСП.

Градинки ќе се отворат во населени места каде досега немало установи за згрижување на деца.

“Во минатото заради таквите услови, родителите биле приморани да ги носат своите дечиња во градинки во населени места кои се на оддалеченост и до 10 или 15 километри од местото во кое живеат“ - стои во соопштението на Владата.

Владата за отворање на овие 14 објекти ќе потроши 58 милиони денари и ќе создаде капацитети за 750 деца.

Во Куманово години наназад градинките имаат деца над планираниот капацитет, но досега нема најави за изградба на нова градинка.