Мени

Граѓаните да ги исчистат тротоарите

11.12.2012 11:26 | KumanovoNews

 Вработени во ЈП “Чистота и зеленило“, предпладнево ги чистеат тротоарите низ градот, но обврскa на граѓаните е да исчистат пред своите домови и дуќани.

Граѓаните да ги исчистат тротоарите

Оние што нема да ја завршат обврската ќе треба да платат глоба од 30 и 50 евра или да извршат општокорисна работа.

Според законот сите сопственици, односно корисници на објекти се должни во зимски услови, при снежни врнежи веднаш да почнат со чистење на снегот пред индивидуалните и колективни објекти за домување, како и на отворени простори пред јавните објекти за да се обезбеди непречен пристап до објектите.

Во колективните станбени згради чистењето на снегот и мразот во зимски услови должни се да го вршат станарите на зградата.