Мени

Граѓаните да не палат оган на отворено за 1 мај

24.04.2013 08:56 | KumanovoNews

 Од Противпожарната единица Куманово порачуваат граѓаните за 1 и 2 мај да не палат оган на отворено за да не предизвикаат пожар.

Граѓаните да не палат оган на отворено за 1 мај

Генерално за 1 мај и другтите празници, ретко ни се случува да имаме пожар. За волја на вистината луѓето се внимателни. Сепак би им советувал крајна претпазливост, да избегнуваат какво било палење на оган на отворено бидејќи тоа е забрането и казните се ригорозни. Доколку на пикник палат скара нека биде тоа на определено место или како што знае нашиот народ нека заградат со камења само да нема несакани ефекти - објаснува Дејан Илиевски, командир на Противпожарна единица Куманово.