Граѓаните денес ќе садат дрвца
Денеска граѓаните на Македонија ќе засадат 5.7 милиони садници на осмата по ред акција Засади ја својата иднина.
Во Куманово граѓаните ќе садат дрвца на м.в. Живкова Карпа, кај воените магацини.
Автобусите за превоз на учениците и граѓаните ќе поаѓаат од техничкото училиште „Наце Буѓони„, економското училиште „Перо Наков„, Трета МУБ пред поранешна Тракторска, поранешна дирекција на ЗИК, касарна Карпош во Бедиње и Автобуска станица.
Градоначалникот Зоран Дамјановски во 11 часот ќе се приклучи на граѓаните во пошумувањето.
Во 12 часот, на граничниот премин Табановце дрвца ќе садат цариници и полицајци. Во акцијата ќе се вклучат и нивни колеги од српскиот граничен премин Прешево.
Во општината Старо Нагоричане ќе се сади во селото Старо Нагоричене, а во Липково во селото Слупчане.