Мени

Граѓаните ја потпишуваат петицијата на “Аман“

07.12.2012 15:16 | KumanovoNews

 Стотина граѓани денеска се потпишаа на петицијата за Предлог-закон за измени во Законот за енергетка, што ќе значи враќање на евтина дневна тарифа на струја.

Граѓаните ја потпишуваат петицијата на “Аман“

Подршката се дава во просториите на Државната изборна комисија или по познато како поранешна општинска архива.

Има доста добар одзив. Се потпишуваат претежно постари граѓани. Стечајците колективно ќе дојдат во понеделник да дадат поддршка и очекуваме поголема масовност од понеделник. Граѓаните можат да се потпишат на македонски, српски и албански јазик. Се остава име, презиме и матичен број. Им пречи поскапувањето на струјата, а имаше забелешки дека и зелениот картон треба да поевтини. Законски се потребни 10.000 потписи и тие можеби ќе се соберат до Нова година, иако не може точно да се предвиди. Се зависи од “Аман“, можеби нема да застанат на 10.000, туку ќе сакаат да соберат повеќе потписи - велат вработените во ДИК.

Потписи ќе се собираат се до крајот на јануари, со што “Аман“ како граѓанска иницијатива ќе бара од парламентарците да го изгласаат предлог - законот.