Граѓаните колабираат на горештините
21.07.2014 12:10
| KumanovoNews
Се повеќе граѓани колабираат или дехидрираат, како последица на високите температури.
Само во последниве 24 часа, Брзата помош имала над 30 интервенции што е двојно повеќе од вообичаено.
- Има голем број на хронично болни, мозочни удари, вируси, дијареа, вртоглавици, колапси. Денеска на автопатот Скопје - Куманово автомобил излетал од патот по што едно лице е потешко, а едно полесно повредено. Лицето кое се здобило со тешки телесни повреди е пренесено во Скопје - велат од Брза помош.
Граѓаните кои побарале медицинска помош од Брзата помош се од различни возрасни категории. Лекарите препорачуваат да се почитуваат нивните препораки и во најтоплиот дел од денот да не излегуваат надвор.