Граѓаните мереа притисок и шеќер во крвта
Акција за бесплатно мерење на притисок и шеќер во крвта денеска организираше ВМРО - ДПМНЕ под покровителство на Здравствен дом Куманово.
На платото пред Центарот за култура граѓаните направија бесплатни прегледи.
Би требало вакви акции да има почесто. Јас последен пат мерев шеќер пред една година, немам проблем ама сепак сакам да проверам - вели Санде Лазаревски, граѓанин.
Директорот на Здравствен дом Куманово, Миомир Панковски објаснува дека граѓаните обично имаат проблеми со крвниот притисок.
Тоа доведува до многу компликации, почнувајќи од срцев удар, мозочен удар. Од тие причини ги правиме овие акции. Многу пациенти не ни знаат дека имаат покачено ниво на шеќер во крвта. Тоа е таква болест која доведува до компликации посебно на периферните крвни садови, на садовите низ целиот организам и може да дојде до нивно пукање. На овој начин сакаме да ги навикнеме луѓето да редовно прават прегледи, да земаат терапија - изјави Панковски.
Тој вели дека два пати годишно граѓаните треба да мерат шеќер во крвта и крвен притисок.