Мени

Граѓаните на четири улици без вода

22.01.2013 09:13 | KumanovoNews

Вода нема на четири улици во градот, поради дефекти на водоводните цевки.

Граѓаните на четири улици без вода

Без вода денеска се граѓаните кои живеат на улиците “Благој Илиев - Гуне“, “Веселин Маслеша“ во населбата Перо Чичо, “Стеван Филиповиќ“ и “Иво Лола Рибар“. До крајот на денот дефектите ќе ги санираат вработените од ЈП“Водовод“ и снабдувањето со вода ќе се одвива нормално. Во меѓувреме други прекини во водоснабдувањето  не се регистрирани.