Граѓаните рационално да ја трошат водата
Во умерени количини да се користи водата за наводнување на земјоделските површини и во домаќинствата за да не остане Општината без вода во текот на летото, предупредуваат надлежните водоснабдителни претпријатија.
Од таму велат дека засега има доволни количини на вода во двете акумулациони езера Липково и Глажња, но искуството од минатите години покажува дека градот и околните населби секое лето кубурат со вода, поради недомаќинското однесување на граѓаните.
Допрва наидуваат високи температури и секоја капка вода ни е важна. Ако не се троши рационално водата во наредните три месеци, може да се соочиме со недостаток во септември и октомври- вели Дејан Божиновски, директор на ЈП „Кумановско-Липковско поле„.
Минатата година во овој период од годината поради неконтролирана потрошувачка без вода останаа населбите во висока зона, поради што беа воведени рестрикции. Додека се нормализираше дотурот на сирова вода од водоснабдителниот систем, делови од градот без жедни и по неколку дена.