Мени

Градоначалникот ги прими наградените од “Гимназијада 2014“

13.05.2014 09:37 | KumanovoNews

Градоначалникот денеска ги прими средношколците кои викендов во Охрид освоија медали во повеќе категории.

Градоначалникот ги прими наградените од “Гимназијада 2014“

Тие се закитија со вкупно 16 медали од кои атлетичарите земаа три злата, седум сребра и две брозни, а во футсал втори беа машката екипа од “Гоце Делчев“ и женската од “Перо Наков“. Во кошарка трета е машката екипа од  “Перо Наков“, а трети во ракомет се ученичките од “Гоце Делчев“.

Градоначалникот Зоран Дамајновски им честиташе за успехот со кој покажаа дека Куманово е меѓу најдобрите спортски градови во државата.

Од мое име и од име на граѓаните на Куманово голема благодарност до сите овие млади луѓе кои го претставија овој град и ги донесоа овие трофеи. Голема благодарност и се надевам дека вашите професори ќе знаат да го ценат тоа и адекватно ќе ве наградат во вашето училиште со признанија. Се надевам дека наредната година уште повеќе ќе имате елан и подобри резултати за да го застапувате Куманово во натамошниот период - рече Дамјановски.

Тој додаде дека со пари од општинскот буџет последниве години се направени многу спортски терени и тоа ги поттикна младите да се занимаваат со спорт и да го развиваат талентот.

По Скопје, Куманово е втор град кој беше најуспешен во средношколска конкуренција. Со ова докажавме дека во Куманово има навистина потенцијал кога се во прашање млади спортисти. Се надевам дека и во иднина ќе бележиме големи успеси - вели Младен Давидовиќ, професор во “Перо Наков“.

Давидовиќ и неговите колеги планираат следната година да организираат државно првенство во кошарка, ракомет и футсал во Куманово и се надеваат дека ќе добијат финансиска поддршка за реализација на настанот.