Мени

Градот ќе се чисти од крлежи и глувци

19.07.2011 12:13 | KumanovoNews

 До крајот на овој месец и почетокот на наредниот, ќе се врши уништување на крлежи и глувци во градот. Од Општината информираат дека подготовките се во завршна фаза и акциите ќе се реализираат во предвидениот рок.

Градот ќе се чисти од крлежи и глувци

Дезинсекција на крлежи ќе се изврши на поголемите зелени површини, а пред се на Градскиот кеј во уредените паркови и дрвјата. Прскањето ќе биде повторено за 14 дена за да се постигне целосен ефект. Откако ќе бидат третирани површините ќе бидат прописно обележани за да не дојдат луѓето во контакт со нив. Според планот на 5-6 август ќе се изврши и дератизација на поширокиот простор, еден дел од глодарите ќе бидат уништени со отров, а дел со мамка-вели Валентина Алексовска, секретар во Општината.

 Кога точно ке бидат спроведени акциите граѓаните дополнително ќе бидат известени.Дотогаш се советува граѓаните да не се движат по требата заради заштита од инсекти. Пред една недела градот беше авионски прскан од комарци, а заштитата ќе се повтори за две недели.