Градот се раскитува
18.01.2013 10:04
| KumanovoNews
Од вчера започна отстранувањето на светлечките украси од улиците, а до крајот на денот ќе биде демонтирана и елката на Градскиот плоштад.
Денеска дефинитивно елката ќе биде тргната од Градскиот плоштад и ќе се чува за догодина кога ќе биде дополнета со некои нови украси.Украсите во форма на ѕвезди се отстранети од влезот на градот и од Кејот. На раскитување на градот работат две екипи со шест работници - вели Иван Ангеловски, раководител на сектор за јавно осветлување во “Куманово - паркинг“.
На Кејот на реката Кумановка недостасуваат 12 украси, кои ги украле несовесни граѓани.
Елката висока десет метри беше поставена на плоштадот на 27 декември лани.