Графит-фест во Куманово
26.09.2013 10:00
| KumanovoNews
Центар за меѓукултурен дијалог заедно со млади уметници од градот во недела ќе го организира првиот Графити Фест на тема “Урбанизирај се за мир, љубов и заедништво “.
Настанот се реализира со цел да се остави простор на младите уметници да се искажат за доброто на градот, а во истовреме да намали нивото на вандализам на јавен простор- велат од Центарот за меѓукултурен дијалог.
Фестивал ќе се одржи пред Младинскиот центар МултиКулти, месната заедница Тоде Мендол со почеток во 11 часот.