Мени

Грантови за училиштата и општините “Градиме мостови“

06.02.2014 10:40 | KumanovoNews

Училиштата, општините, наставниците, родителите и студентите можат да аплицираат за грантови од фондот “Градиме мостови“ за организирање на активности за зближување на децата од различни етнички заедници.

Грантови за училиштата и општините “Градиме мостови“

Фондот нуди два видови на грантови и тоа  „брзи грантови“ и „редовни грантови“. Првиот е во вредност до 1 500 евра и е наменет за проекти кои се спонтани, итни и за нив може да се аплицира во секој момент преку пополнување на формулар достапен на интернет страницата на Министерството за образование и наука, кој потоа треба да се испрати електронски на [email protected].

Вториот грант е во вредност до 7 000 евра за што се аплицира три пати во годината до 1 март, до 1 мај и до 1 октомври, со доставување на пополнетиот формулар преку редовна пошта на поштенски Фах 558, 1 000 Скопје.

Преку овие проекти и активности децата ќе се ослободат од  предрасудите. Фондот  “Градиме мостови“ е иницијатива на Министерството за образование, Швајцарската амбасада и Мисијата на ОБСЕ во Скопје.