Грипот мирува
Од Центарот за јавно здравје велат дека состојбата со грипот не е загрижувачка. Мината недела се регистрирани 21 пациент со грип, а на почетокот на ноември се јавиле 6 луѓе со истите симптоми.
Епидемилозите објаснуваат дека при променливо време луѓето се надвор, фреквенцијата е зголемена и тоа доведува до брзо ширење на грипот.
- Најголем број на заболени од грип имаме во февруари и март. Луѓето треба да се заштитат, да бидат топло облечени, да излегуваат надвор, да прават прошетки, да пијат чаеви и да конзумираат супи. Најефикасни за заштита од грип се вакцините. Оваа година се потрошени 1300 дози, плус по 200 дози за Кратово и Крива Паланка. Имаше голем одзив за вакцинирање - вели Предраг Ѓеорѓиевски, епидемиолог во Центарот за јавно здравје.
Епидемиолозите велат дека последниве години немало зголемен број на заболени од грип. За подрачје од 170.000 жители, вклучувајќи ги и Кратово и Крива Паланка, бројката од 3000 заболени од грип е незначителна.