Мени

Групна венчавка во црквата во Бедиње

06.05.2014 11:07 | KumanovoNews

Во црквата “Света Петка“ во Бедиње во недела митрополитот кумановско - осоговски Јосиф ќе изврши групна венчавка.

Групна венчавка во црквата во Бедиње

Досега се пријавиле 15 двојки за групно венчавање, а сите заинтересирани можат да се пријават во кумановско - осоговската епархија.

 - Целта на групната венчавка е луѓето кои се веќе во брак, а не се венчале да ја извршат таа обврска за да добијат благослов за семејство и деца. Од двојките кои досега се пријавија повеќето се пет и повеќе години во брак, само се регистрирале, живеат заедно, но не се венчале во црква - вели Игор Здравковски, лице за односи со јавност во Кумановско - осоговска епархија.

Групна венчавка за прв пат се прави во Куманово.