Мени

Хаосот на патарина се создаде поради непримање на метални евра

02.07.2013 14:31 | KumanovoNews

Управата на Јавното Претпријатие за државни патишта им забранила на вработените на патарините да примаат метални пари во евра, па затоа вчера на наплатната рампа Романовце дојде до застој.

Хаосот на патарина се создаде поради непримање на метални евра

Повеќето странци се понудиле да платат со 10 или 20 евра, а кусурот им го враќале во денари.  Голем број  патници плаќале со кредитни картички , па и тука дополнително се губело на време.

 За разлика од вчера кога патниците беа револтирани, денеска тие се задоволни, затоа што веднаш поминале и на граничниот премин Табановце и на патарина Романовце.

Не, не чекавме, на Табановце за десет минути ја минавме границата. Одлично поминавме, не чекавме воопшто, ни 5 минути, и патарината кај Ниш веднаш ја поминавме. Просто не веруваме, не знаеме натаму што не чека бидејќи вчера имало гужва, веројатно било смена, ние денеска супер поминавме - велат српски туристи.

Од  патниот граничен премин Табановце информираат дека во текот на вчерашниот ден во двата правца поминале над 20 000 патници, што е двојно повеќе од нормалниот проток на возила.

Поголема фреквенција на туристи се очекува на 10 - ти  и 20 - ти во месецот.