Хепенинг за ЕУ на Градскиот плоштад
13.05.2011 08:05
| KumanovoNews
По повод Денот на Европа, ЕУ Инфо Точка од Куманово во соработка со основни и средни училишта од градот, како и НВО Центар за меѓукултурен дијалог од Куманово организира Хепенинг на градскиот плоштад од 11 до 13 часот.
Во програмата ќе настапат: ученици од Музичко Училиште “Панче Пешев”, ОУ “Вук Караџиќ” гимназија “Гоце Делчев”, СОУ “Перо Наков”,ОУ “Магдалена Антова” и рок ѕвездата Дани Димитровска. Манифестацијата поради невремето беше одложена, а требаше да се одржи во понеделникот.