Мени

Хималајски бобинки се одгледуваат во кумановско

08.08.2014 10:03 | KumanovoNews

Првите парцели со бобинки гоџи се засадени во околината на Куманово. Две парцели од по неколку декари ќе се одгледуваат во с. Драгоманце и една во с. Младо Нагоричане.

Хималајски бобинки се одгледуваат во кумановско

Досега гоџи воопшто немаше во околината на Куманово. Луѓето се информирале преку интернет за лековитите својства на гоџи и затоа решиле да ги засадат. Имаат обезбедено пласман, овошките ќе им ги откупи скопска фирма по релативно поволна цена - вели Живка Наумова, раководител во Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството.

Гоџи бобинката е дрвенеста билка во вид на грмушка, која дава многу вкусен и лековит високоенергетски плод. Расте на Хималаите каде веќе со векови се користи не само како храна, туку и како природен лек. Ја нарекуваат и „среќна бобинка“ или „црвен дијамант“.

На почетокот на 21 век, нивната популарност расте, кога резултатите од медицинските истражувања го потврдиле нивното благотворно дејство врз здравјето на луѓето, посебно во лекување на рак, хронични болести и забавување на стареењето. Овие бобинки имаат 18 амино киселини, 21 минерал, витамин Ц, протеини и други состојки.