Хорски и оркестарски смотри во “Кочо Рацин“
12.04.2013 08:58
| KumanovoNews
Во основното училиште “Кочо Рацин“ утре ќе се оддржат регионални хорски и оркестарски смотри на кои ќе учествуваат ученици од Куманово, Кратово и Крива Паланка.
Пријавени се 19 оркестри и 13 хорови. За хоровите има една задолжителна и една песна по избор. Хоровите се делат по категории, прва, втора и трета зависно од бројот на ученици и гласовите. Секоја година има се поквалитетни настапи, има јака конкуренција. Жири комисијата е од Скопје - вели Весна Пешевска, професор по музичко во ОУ “Кочо Рацин“.
Таа објаснува дека регионалните хорски и оркестарски смотри имаат традиција од над две децении, а победниците ќе одат на републички натпревар.