“Христијан Карпош“ чистеше за “Македонија без отпад“
06.10.2013 08:55
| KumanovoNews
Ученици од Основното училиште “Христијан Карпош“ се вклучија во акцијата “Македонија без отпад“ со чистење на училишниот двор.
Во денешната акција учествуваа 40 ученици и уште еднаш ја демонстрираа личната одговорност за зачувување на животната средина. Отпадот беше собран, селектиран во посебни вреќи и складиран на определени места и подоцна ќе биде рециклиран. На оваа акцијата и претходеше едукативниот час на тема “Отпад” и целонеделна акција за собирање на пластика и стара хартија - велат координаторите Дејан Младеновски и Валентина Бојковска.
Собрани се десетина вреќи со стара хартија и пластика.
Бидејќи се работи за еко училиште, слични акции за чистење на отпадот ќе има во текот на целата година во ОУ “Христијан Карпош“.