Христос се роди!
07.01.2014 11:25
| KumanovoNews
Православните верници денеска го слават Христовото раѓање - Божиќ, еден од најголемите и најрадосни празници кај христијаните.
Во сите православни храмови во државата изутринава се одржаа божиќни литургии. По тој повод г.г. Стефан и членовите на Светиот архиерејски синод на МПЦ, до свештенослужителите, монаштвото и до сите верници, упатија Божиќно послание во кое им пожелуваат мир и благослов од Бога.
Божиќ се слави три дена.
Традиционално граѓаните слават со богата бадикова трпеза со целото семејство и си го честитаа празникот со зборовите:
Христос се роди! Вистина се роди!