Христос Воскресна! Честит Велигден!
05.05.2013 10:18
| KumanovoNews
Православните верници на полноќ го прославија Христовото воскресение во црквите во градот.
Најмасовно беше во цркават „Св. Никола„, каде неколку стотини луѓе, главно млади, со залени свеќи во рацете се помолија за здравје и среќа.
Со традиционалниот поздрав „Христос воскресе - Навистина воскресе“, почна кршењето со јајца - првото омрсување после 40-дневниот пост.
Празникот на Христовото воскресение - Велигден е празник на љубовта и мирот, триумф на животот над смртта, на доброто над злото и ден кога Исус Христос воскреснал од мртвите, подарувајќи вечен живот на оние што веруваат во Него и докажувајќи дека е Бог.